Доколку методите за заштита се спроведуваат правилно, ризиците од западнонилска треска, како и други болести што ги шират комарците, можат да се минимизираат, изјави епидемиологот Драган Даниловски.
Бидејќи комарците се размножуваат дури и во многу мали количини вода, тој препорачува луѓето да не чуваат стоечка вода околу своите домови.
„Постарите лица, хронично болните, лицата со ослабен имунолошки систем се изложени на најголем ризик од тешка форма на Западнонилска треска. Личната заштита е спомената многу пати, потребна е соодветна облека и мрежи за прозорци.“
„Многу е важно да се отстрани застојаната вода околу куќите, на пример за луѓе кои живеат во куќи со дворови. Веројатно имаат стари автомобилски гуми – тие секогаш се полни со вода што стои таму којзнае колку долго. Тоа е место за размножување на комарци“, нагласи Даниловски во „Телма“.
Епидемиологот ги истакна симптомите на Западнонилска треска, висока температура, силна главоболка, вкочанет врат, дури и нарушена свест, парализа… и рече дека доколку се појават, граѓаните треба веднаш да одат на лекар на преглед.
The post Даниловски: Ризикот од западнонилска треска може да се минимизира appeared first on Во Центар.



