Путин и Си се впуштаат во пробив каков што светот никогаш не видел, објави Росатом!

Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“, која управува со Северниот морски пат (НМП) низ Арктикот, денес објави дека издала дозволи за седум кинески транзитни бродови што ќе пловат кон Европа преку таа рута.

Директорот на „Росатом“, Алексеј Лихачев, изјави дека кинеската компанија за контејнери „Си Леџенд Шипинг“ планира да ја лансира првата редовна контејнерска линија меѓу Кина и Европа преку Северната морска рута , пренесува „Ројтерс“.

„За разлика од претходните контејнерски транспорти преку Северниот морски пат, кои беа претежно експериментални или еднократни, програмата за 2026 година предвидува целосно воспоставување редовна линија, со бродови што ќе пловат секоја недела во текот на целата пловидбена сезона “, рече Лихачов во соопштението.

Лихачев оцени дека оваа рута станува транспортен коридор од глобално значење поради влошувањето на ситуацијата во Персискиот Залив.

Москва се обидува да го развие Северниот морски пат во алтернатива на Суецкиот канал, но повисоките трошоци за превоз и сезонскиот мраз досега го отежнуваат постигнувањето на таа цел, според агенцијата.
The post Путин и Си се впуштаат во пробив каков што светот никогаш не видел, објави Росатом! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: