Полицијата пронашла „тело“ во напуштен куфер покрај земјен пат во Нов Јужен Велс , за кое подоцна било објавено дека станува збор за „секс кукла“.
Како што објавува австралиската телевизија ABC, првично се стравувало дека напуштениот багаж, кој го пронашле граѓаните во Оулен, содржел „остатоци од жена“.
„Белези што изгледаат како модринки“
Полицијата на Нов Јужен Велс објави соопштение во кое потврдува дека останките не се човечки.
„По форензичките испитувања, полицијата потврди дека предметот пронајден во торбата е кукла која изгледала реалистично, облечена, со коса и пирсинг на носот“, се вели во соопштението.
Како што се додава, „предметот имал и траги што потсетуваат на модринки и гребнатини“.
Форензичарите го увидувале местото на настанот
Полицијата започна истрага околу 13:00 часот во недела попладне, а дури речиси 24 часа подоцна беше потврдено дека останките не се човечки.
Надзорникот на полицијата во Хјум, Линда Бредбери, изјави дека форензичките експерти ги прегледале останките на местото на настанот, пред куферот да биде запленет за понатамошно испитување.
„Првично беа погрешно протолкувани како човечки останки, бидејќи изгледаат многу реалистично. Граѓаните првично помислија дека наишле на останки од тело“, објасни таа.
The post Го блокирале патот поради „човечко тело“ во куфер, а потоа се случил пресврт: полицајците биле изненадени од глетката appeared first on Во Центар.



