Димитриевски: СДСМ и ДУИ 20 години ја делеа државата

 

Од Движењето ЗНАМ реагираат на, како што велат, лицемерието на политичките структури кои денес жестоко ги критикуваат состојбите во Македонија, иако со години биле дел од власта и имале можност да ги решаваат проблемите со кои сега се занимаваат.
Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека државата предолго трпела последици поради недоволната комуникација меѓу власта и опозицијата, особено во моменти кога биле потребни државнички одлуки.
Според него, во изминатите години партиските интереси често биле ставани пред интересите на државата, а оние кои денес се најгласни критичари мора да се соочат со сопствените одлуки и политичкото наследство.
„Јас и луѓето заедно со мене во мојот тим, со СДСМ расчистивме многу одамна, уште кога сметавме дека државата ја водат во многу лоша насока“, порача Димитриевски.
Тој се осврна и на актуелните случувања во СДСМ, посочувајќи дека дел од луѓето кои денес ја критикуваат партијата претходно биле дел од нејзиното раководење и системот на управување.
„Едниот беше еден од главните политички гуруа на Димитар Ковачевски. Другите беа членови по управни одбори и така натаму, тогаш молчеа, кога Максим зборуваше“, изјави Димитриевски.
Во однос на ДУИ, лидерот на ЗНАМ оцени дека политичката ситуација денес е поинаква, бидејќи партијата е во опозиција, со што, според него, е намален просторот за политички условувања и уцени кои постоеле во минатото.
Од ЗНАМ велат дека СДСМ и ДУИ треба да се соочат со сопственото политичко наследство, наместо повторно да ја префрлаат одговорноста за состојбите во државата.
„Времето на политичари кои бараат алиби за своите неуспеси завршува. Секој во Македонија ќе мора да стои зад своите одлуки, своите резултати и своето политичко наследство. Историјата не се пишува со прес-конференции и партиски соопштенија, таа се пишува со дела“, порачуваат од ЗНАМ.

The post Димитриевски: СДСМ и ДУИ 20 години ја делеа државата appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: