Гори на пет локации низ Македонија, изгаснати 42 пожари

На ден 13.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 51 пожар на отворен простор. Од нив, 5 пожари се активни, 4 се под контрола, а 42 се изгаснати.

Активни пожари:
Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума).
Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација и шамак).
Општина Новаци – с. Маково (ниска вегетација).
Општина Крива Паланка – с. Муждивњак (ниска вегетација и багреми).
Општина Могила – во атарот на с. Лозани (ниска вегетација).

Пожари под контрола:
Општина Делчево – градска депонија (депонија).
Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација).
Општина Кичево – с. Манастирско Доленци (шума).
Општина Јегуновце – с. Копанце (шума и ниска вегетација).

Изгаснати пожари:
Општина Врапчиште – с. Врањовце (ниска вегетација).
Општина Гостивар – Нани Груп (ниска вегетација).
Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума).
Општина Јегуновце – с. Сиричино (ѓубре).
Општина Тетово – с. Џепчиште и с. Палатица (ниска вегетација).
Општина Делчево – с. Разловци (ниска вегетација, стрниште и трње).
Општина Пробиштип – с. Калниште (ниска вегетација).
Општина Штип – с. Врсаково (ниска вегетација, бандера и стар руиниран објект).
Општина Дебар – месноста Бушеве (нискостеблеста шумска и ниска вегетација).
Општина Дебарца – с. Климештани, кон с. Ботун (ниска вегетација).
Општина Кичево – с. Осој (плевна).
Општина Кичево – с. Зајас (стрниште, борова шума и гуми).
Општина Ресен – с. Покрвеник (ниска вегетација).
Општина Прилеп – с. Тополчани, кај млинот (ниска вегетација).
Општина Прилеп – нови градски гробишта (ниска вегетација).
Општина Кривогаштани – с. Врбјани (висока вегетација, трње и ѓубре).
Општина Битола – с. Букри (ниска вегетација).
Општина Илинден – населба Илинден (ниска вегетација).
Општина Гази Баба – ул. Интернационална бригада (ниска вегетација).
Општина Кисела Вода – стариот пат за Батинци (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Чаир – ул. Ферид Бајрам (ниска вегетација).
Општина Зелениково – с. Строхијадица (ниска вегетација).
Општина Сарај – Долно и Горно Свиларе (ниска вегетација).
Општина Ѓорче Петров – железничката станица во Ѓорче Петров (ниска вегетација).
Општина Шуто Оризари – населба Шуто Оризари (ниска вегетација и бандера).
Општина Битола – с. Граешница (стрниште).
Општина Битола – с. Кукуречани (стрниште).
Општина Македонски Брод – месноста Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Куманово – с. Преовце (ниска вегетација).
Општина Теарце – с. Пршовце (ниви).
Општина Центар Жупа – с. Житинени (ниска вегетација и нискостеблеста шумска вегетација).
Општина Сарај – с. Рашче (ниска вегетација).
Општина Гази Баба – с. Стачинци (ниска вегетација и грмушки).
Општина Гази Баба – с. Булачани (ниска вегетација и грмушки).
Општина Гази Баба – с. Инџиково (ниска вегетација и грмушки).
Општина Новаци – кај месноста Ергела (ниска вегетација).
Општина Прилеп – помеѓу с. Дрен и с. Смолани (запалена ниска вегетација и деградирана нискостеблеста дабова шума).
Општина Прилеп – кај ресторанот Романса (ниска вегетација).
Општина Прилеп – кај индустриската зона Металец (ниска вегетација).
Општина Долнени – с. Сенокос (стрниште и неколку дрвја).
Општина Липково – с. Извор (ниска вегетација и шума).
Општина Куманово – месноста Краста (депонија).

Пронајдете не на следниве мрежи: