Ситуацијата со пожарот над село Габер е под контрола, објави Центарот за управување со кризи.
Од таму најавија дека во текот на денешниот ден повторно ќе интервенираат авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел дополнително да се стабилизира ситуацијата и пожарот целосно да биде изгаснат.
„Службите беа на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи продолжува со максимална координација со сите надлежни институции“, велат од ЦУК.
The post Пожарот над село Габер под контрола appeared first on Во Центар.



