Ноќна акција на МВР низ цела Македонија: 63 санкции за возење под дејство на алкохол

Во текот на изминатата ноќ, на територијата на целата држава биле санкционирани 63 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Контролата била спроведена од 23:00 до 05:00 часот, при што осум возачи биле лишени од слобода согласно со член 297-а од Кривичниот законик.

Најголем број санкции биле изречени на подрачјата на СВР Битола и СВР Куманово – по 12, потоа на СВР Велес и СВР Охрид – по девет. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата биле санкционирани уште четири возачи под дејство на алкохол.

Во текот на контролата биле санкционирани и 162 други видови прекршоци.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

Пронајдете не на следниве мрежи: