Пожар во прилепско Чаниште, зафатени стари напуштени куќи

Попладнево изби пожар во прилепското село Чаниште кое е оддалечено околу 35 километри од Прилеп. Дирекцијата за заштита и спасување информира дека зафатени се неколку стари напуштени кучи, но дека нема повредени жители и пожарникари.

– Околу 13 и 30 часот прилепсите пожарникари добиле повик дека настанл пожар во близина на селото Чаниште оддалечено околу 35 километри од Прилеп. Пожарот навлегол од различни правци што значи дека најверојатно е подметнат, изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Во гаснењето се вклучени и доброволнци, а дополнително ќе се утврдува како ќе се гасне бидејќи се шири во три правци.
The post Пожар во прилепско Чаниште, зафатени стари напуштени куќи appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: