Принцот Хари и Елтон Џон го загубија судскиот спор: Мора да му платат 9,5 милиони фунти на издавачот на „Дејли меил“

На принцот Хари и на група од шест други познати личности им е наредено да платат 9,54 милиони фунти (околу 22 милиони марки) на издавачот на „Дејли меил“ откако го загубија случајот за повреда на приватноста во Високиот суд.

Тужителите, меѓу кои и Елтон Џон и Лиз Харли, ја тужеа компанијата „Асошиејтед њузпејперс лимитед“ (ANL) поради наводи за нелегално собирање информации, што ANL енергично ги негираше.

На 7 јули, судијата ги отфрли тужбите и рече дека јавните личности не успеале да ги докажат обвиненијата.

Оваа вест доаѓа само неколку дена откако војводата и војвотката (Хари и Меган) го објавија својот план да се вратат во Обединетото Кралство со своите деца.

Седумте баратели на кои им е наредено да ги платат почетните 9,5 милиони фунти во следната недела се принцот Хари, Сер Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид Фурниш, Сер Сајмон Хјуз, Сејди Фрост, Лиз Харли и бароницата Дорин Лоренс.

Десетици луѓе дадоа исказ за време на судењето, вклучувајќи го и принцот Хари и други обвинители. Војводата од Сасекс долета од САД за лично да присуствува на судењето.

Многу сегашни и поранешни новинари и раководители на „Асошиејтед њуперсејпс“ сведочеа негирајќи нелегални активности.

Во заедничка изјава по пресудата на судијата минатиот месец, принцот Хари и бароницата Дорин Лоренс, другата тужителка и членка на Домот на лордовите чиј син Стивен беше убиен во 1993 година, рекоа:

„Дојдовме на суд барајќи правда и одговорност. Но, не добивме ниту едното ниту другото. Тоа е целосно и очигледно прикривање, но за жал не е сосема неочекувано“, додадоа тие.
The post Принцот Хари и Елтон Џон го загубија судскиот спор: Мора да му платат 9,5 милиони фунти на издавачот на „Дејли меил“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: