Мицкоски: Кризата може да трае со години, разгледуваме мерки

И покрај неодамнешното зголемување на цените на горивата во Македонија, премиерот Хирстијан Мицкоски вели дека нашата земја сè уште има најевтини цени на горивата во регионот.Тој денес изјави дека се разгледуваат мерки, но додаде дека мора да се биде претпазлив.

„Бензинот во Македонија е половина евро по литар поевтин отколку во Албанија. Тој е за 35 центи поевтин отколку во Србија и од 30 до 50 центи по литар поевтин отколку во сите земји во регионот, како што се Грција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и така натаму. Ова важи и за безоловниот бензин и за дизелот. Значи, ако ја оставиме политиката настрана и почнеме да ги гледаме бројките, ќе дојдеме до заклучок дека во овој момент, бидејќи сите купуваме од исто место, а не купуваме од различни земји, граѓаните на Македонија, но и граѓаните на неколку соседни земји, доаѓаат во Македонија, на бензински пумпи, за да ги наполнат резервоарите на своите автомобили и возила. Ние, како влада, не се грижиме само за граѓаните на Македонија. Вкупниот обем на продадено гориво, бензин и дизел се зголеми за околу 50 до 60 проценти во последните неколку месеци. Сепак, успеавме да ја одржиме макроекономската стабилност во земјата.На прашањето дали владата ќе преземе мерки за намалување на цените на горивата, Мицкоски рече дека за ова постои план, но дека тоа треба да се направи внимателно.„Да, планираме. Имаме јасна стратегија и јасен план. Според нашата анализа, оваа ситуација ќе трае. Ситуацијата во Персискиот Залив може да трае неколку години, затоа дејствуваме внимателно, за да не ја поткопаме макроекономската стабилност на земјата, а од друга страна обезбедуваме гориво по најниски цени за граѓаните и индустријата во Македонија“, додаде Мицкоски.Премиерот рече дека нашата земја има и најниска стапка на инфлација во регионот.„Ја намаливме инфлацијата на најниско ниво во регионот, на 2,3 проценти годишно во јули, додека во трговијата на мало таа е од 1,7 до 1,8 проценти“, додаде Мицкоски.
The post Мицкоски: Кризата може да трае со години, разгледуваме мерки appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: