Џиџи Хадид за врската со Бредли Купер: Она што е убаво е способноста да се биде длабоко искрен

Џиџи Хадид одлучи искрено да проговори за својата врска со Бредли Купер.

За новото издание на списанието „Вог“, таа зборуваше за значајната разлика помеѓу нејзината врска со Купер и минатите романси.

„Она што е убаво во мојата врска, и толку различно од она што го доживеав претходно, е способноста да бидам длабоко искрена. Важно е да кажеме што мислиме, кога го мислиме тоа“, рече таа.

Хадид изјави дека таа и Купер се држеле на земја во текот на нивните кариери.

„Не ги разбираме сите предизвици на бизнисот, но важно е да имате некој што ве поддржува и ви помага да останете приземјени“, рече Хадид.

Хадид и Купер ја чуваат својата врска во тајност, но понекогаш споделуваат моменти поминати заедно на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: