Силно невреме ја погоди североисточна Македонија, најкритично во Кочани

Силно невреме проследено со ветер и обилен дожд синоќа го зафати свероисточниот дел на Македонија. Најпогоден беше Кочани, каде се предизвикани сериозни проблеми во сообраќајот и движењето низ градот. Кочани остана без електрична енергија, а силниот ветер собори дрвја и гранки на повеќе локации.

Во прекин беше сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Штип поради наноси и паднати дрвја на коловозот, а блокиран е и излезот од градот кон Виница кај СОУ „Гошо Викентиев“. Прекин имаше и на магистралниот пат Кочани–Делчево, на потегот од крстосницата кај Горни Подлог до Градовската крстосница.

Екипи на Територијалната противпожарна единица и полицијата цела ноќ беа на терен за расчистување и обезбедување на критичните места.

Пронајдете не на следниве мрежи: