Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, изнесува 0,4 %, објави Државниот завод за статистика.
Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 3,1 %, Ресторани и услуги за сместување за 2,5 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,6 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,5 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,2 %.
Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 0,8 % и Облека и обувки за 0,3 %.
Индексот на цените на мало во август 2026 година во однос на јули 2026 година изнесува 99,8.
Индексот на трошоците на животот во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,3 %.



