Внук на грчка принцеза пронајден мртов: Тој беше осомничен во озлогласен случај

Банкарот Николас Брендрам, 44, внук на принцезата Катерина од Грција и Данска, беше пронајден мртов во својот дом во западен Лондон.

Потомок на кралицата Викторија и внук на кралицата Катерина од Грција и Данска, тој беше главен осомничен во озлогласениот случај „Патни Пушер“.

Брендрам беше под истрага за овој нерешен случај, во кој жена беше турната пред автобус на мостот Патни во 2017 година.

Тој беше уапсен во јуни оваа година, а потоа ослободен во исчекување на истрагата, речиси една деценија по очигледно неиспровоцираниот напад, пишува „Индипендент“.

Тој беше пронајден мртов во својот дом во Чизвик, западен Лондон, во вторник.

Метрополитенската полиција соопшти дека смртта на 44-годишниот маж се третира како „неочекувана“ и дека околностите не се сметаат за сомнителни.

Николас Брандрам се опишал себеси како самохран татко кој, заедно со мајката на детето, се грижи за својот тригодишен син.

Брендрам беше одликуван поранешен капетан во британската армија.  Според медиумите, претходно работел како менаџер во реномирана брокерска компанија.

Подоцна работел како успешен банкар, советувајќи клиенти со исклучително висока нето вредност како менаџер за односи со клиенти.
The post Внук на грчка принцеза пронајден мртов: Тој беше осомничен во озлогласен случај appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: