Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
◦ дел од улицата Костурска, од 07.50-09.50 часот, општина Бутел;
◦ Дел од главната улица кај маркет Ер Грос и Јони Хоме Центер од 08.30-14.00 часот, општина Сарај;
◦ Поради зафат на електродистрибутивната мрежа без напојување ќе бидат улиците Емил Зола и Мишко Михајловски од 09.00-14.30 часот, општина Кисела Вода;
◦ Поради замена на електричен столб и замена на 2 празнини без напојување ќе бидат улицата 10 и улицата 21 село Кадино од 09.00-13.00 часот, општина Илинден;
◦ Без напојување ќе бидат дел од корисниците на булеварот 12-та Македонска бригада бр.61, 63, 65 од 10.00-15.30 часот, општина Аеродром;
◦ Без напојување ќе бидат дел од улицата Костурска, Болница Санте Плус и Болница ВФВ од 10.05-12.05 часот, општина Бутел;
◦ Без напојување ќе бидат дел од улицата Варшавска од 13.00-14.00 часот, општина Карпош.
The post Делови од неколку скопски општини денеска без струја appeared first on Во Центар.



