Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски побара целосна транспарентност за финансирањето и реализацијата на прославата по повод 35-годишнината од независноста, посочувајќи дека јавноста треба да знае како и за што биле потрошени милионските суми.
Спасовски посочи дека првично било кажано оти за прославата не биле потрошени пари, а потоа беа објавени информации за потрошени околу 5,53 милиони евра.
Тој укажа на користењето на 300 милиони денари од нераспределената добивка на Државна лотарија, начинот на избор на организаторот, како и ангажманот и настапот на Дејвид Гета.
Спасовски побара одговори за правната основа за користењето на средствата, за платените даноци и за дополнителните околу 40 милиони денари, односно повеќе од 600 илјади евра, обезбедени од компании.
Тој постави три прашања до министерката за финансии – дали е донесена одлука за користење на 300 милиони денари од Државна лотарија, дали се пресметани и платени сите даноци поврзани со прославата и кои компании ги обезбедиле дополнителните средства, со кои договори и по кој основ – како спонзорства или донации?
The post (Видео) Спасовски: 5,53 милиони евра за прославата – каде се одлуките, даноците и договорите за парите? appeared first on Во Центар.



