Европската комисија со шест постапки против Бугарија, ѝ даде рок од два месеци

Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија поради непочитување на роковите за целосно усогласување на националното законодавство со одредени правила на Европската Унија.

Постапките опфаќаат пет области – борбата против перењето пари, новите психоактивни супстанции, правото на поправка на производите, заштитата од индустриското загадување и воспоставувањето европски пазар за водород и декарбонизирани гасови.

Комисијата сега ќе ѝ испрати официјални опомени на Бугарија, по што земјата ќе има рок од два месеци да одговори, да ги усогласи националните закони и да ја извести Европската комисија за преземените мерки.

Доколку одговорот не биде оценет како задоволителен, постапката може да продолжи со испраќање образложено мислење до бугарските власти.

Пронајдете не на следниве мрежи: