Нов обид за политичко мобилизирање на опозицискиот блок по иницијатива на платформата 12 и 5 каде на денешниот состанок и дебата ја поканија и политичката партија Левица, но и од Српската партија во Македонија предводена од Мирослав Јовановиќ.
Во изјавата која ја даде за медиумите Игор Ивановски по обвинувањата на лидерот на СДСМ дека ова е уштре еден обид за пуч но и дека како што рече Филипче тие биле платеници на ВМРО ДПМНЕ Ивановски со директна порака до Филипче дека единствената гаранција за долго владеење на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е токму Филипче и луѓето околу него .
Амар Мециновиќ од Левица кој пак дојде на дебатата за која и сам посочи дека е свесен дека постојат одредени политички и идеолошки разлики со платформата 12 и 5 сепак смета дека треба да се даде шанса за посилен опозициски блок иако не пропушти прилика да упати критики до опозициската СДСМ предводена од Филипче дека како што рече се најголемото разочарување и дека за тоа како што додаде говори политиката на неказнивост помеѓу двете раководства на најголемите политички партии предводени од Филипче и Мицкоски .
Од Бихаќка пак денеска возвратија дека како што велат ова се сите Ботови на Мицкоски и дека после ЗНАМ 1:0 сега има ново ЗНАМ 2:0.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак денска возвратија дека Филипче е главен виновник за целата оваа ситуација и дека како што велат од владејачката партија не ги изненадуваат внатрепартиските превирања на Бихаќка бидејчи филипче не можел да се договори ниту со своето членство а камо ли да изгради правилен став за државните интереси .
Превирањата меѓу платформата 12 и 5 и СДСМ веќе подолг период се во фокусот на јавноста а овој пат и со јавни прозивки преку медиумите . Иако претходно се најавуваа обиди за заедничко седнување на маса сепак завршија како празни ветувања кои во пракса слабо се спроведуваат за што денеска обвинија поранешните членови и функционери дека односот на Филипче кон нив бил несериозен .



