Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека би било „одлична вест“ и „добра одлука“ доколку Велика Британија одлучи повторно да се приклучи на Европската Унија, додека шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја ќе го поздрави враќањето на Велика Британија во ЕУ „со раширени раце“.
Макрон зборуваше во Мадрид на заедничка прес-конференција со шпанскиот премиер Педро Санчез откако британскиот премиер Енди Барнам изјави дека неговата земја треба да ги разгледа своите опции кога станува збор за нејзините идни односи со ЕУ, вклучително и повторното членство.
Санчез рече дека Шпанија ќе ја пречека Велика Британија назад во ЕУ „со раширени раце“.
Британскиот премиер Енди Барнам денеска изјави дека Велика Британија треба да разгледа различни опции за нејзините идни односи со Европската Унија, вклучително и евентуално враќање во ЕУ, додека ги засилува напорите за обновување на врските со Европа.
Откако на годишната конференција на Лабуристичката партија изјави дека Брегзит „направил повеќе штета отколку корист“, Бернам во разговор за Би-би-си рече дека Велика Британија треба да разгледа различни модели за своите долгорочни односи со Европа и да одлучи кој нуди најдобар пат напред.
„Можеме да останеме таму каде што сме. Тоа е секако една можност, ако луѓето мислат дека ова е добро место за останување“, рече Бернам.
„Можеме да го разгледаме тоа што Џорџ Осборн го рече за царинската унија. Можеме да погледнеме што кажаа либералните демократи на нивната конференција за единствениот пазар, а можеме да одиме и до крај“, рече тој.



