недела, 22 ноември 2026
Најново

Приватни вили, базени и голф терен – откриен „скриен“ комплекс за ВИП осуденици во Индонезија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Таен станбен комплекс за богати затвореници е откриен во затворот Цибинонг, во индонезиската покраина Западна Јава.

Откритието е направено за време на ненадејна инспекција од страна на Националниот омбудсман.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Комплексот содржел повеќе од 10 соби, кои личеле на вили, градски куќи и апартмани.

Тие беа опремени со клима уреди, плазма телевизори, фрижидери и скап мебел, пишува theguardian .

Според властите, собите главно биле окупирани од службеници осудени за корупција.

За затворениците беа изградени и теретана и базен, додека во близина на комплексот се градеше мало голф игралиште.

При увидот, откриена е и неотклучена врата во близина на комплексот, која им овозможувала на луѓето да влегуваат и излегуваат од затворските простории заобиколувајќи го главниот контролен пункт.
The post Приватни вили, базени и голф терен – откриен „скриен“ комплекс за ВИП осуденици во Индонезија appeared first on Во Центар.

Поврзани вести