(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари на Мицкоски за личниот ангажман: Импресивен напредок во Планот за раст

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен денес ја пофали Владата за напредокот во Планот за раст.

– „Сакам да зборувам за резултатите од нашиот План за раст, сите ги знаете начелата, носиме европски инвестиции во исто време додека вие се подготвувате да се приклучите во Европската унија, ние отвораме делови од нашиот единствен пазар за вашите компании, истовремено вие усвојувате клучни реформи кои се потребни за вашите компании да можат да работат на нашиот единствен пазар и така нашата економија да може постепено да се спои со единствениот пазар на ЕУ. Северна Македонија навистина постигна успех со планот на раст и тоа благодарение на Вашиот личен ангажман, на вашата лична подготвеност и Ви благодарам за тоа. Веќе добивте 140 милиони евра, а ќе следуваат и дополнителни исплати во претстојните недели и напредокот е навистина импресивен. Да ви дадам доби примери за придобивките, на пример станавте дел од СЕПА, тоа е за трансакциите коишто се вршат, надоместите за тие трансакции се намалени, со голем процент, веќе дискутираме и за надоместоците за роаминг. Северна Македонија ќе се приклучи кон новиот Центар Везилка, новата антена за вештачка интелигенција, со што ќе им се даде на новите компании пристап до ЕУ, за тие да можат да развиваат сопствен модел и повеќе производи. Ова е одличен пример за интеграцијата.“ – истакна Фон дер Лајен.

Пронајдете не на следниве мрежи: