Четворица тешко повредени во групна тепачка во Баница, се тепале со разни предмети

Четири лица се здобиле со тешки телесни повреди во групна тепачка што се случила во двор од куќа во струмичкото село Баница, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 11 октомври околу 22:30 часот, кога дошло до физичка пресметка меѓу две групи жители на селото.

Во тепачката биле користени различни предмети, со кои учесниците си нанеле повреди по главата и телото.

Повредените биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица, каде кај четири лица – Р.М., К.М., Т.С. и М.С. – биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата ги пронашла и одзела предметите што биле користени во пресметката.

За случајот е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи: