Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија во август, најбројни биле гостите од Турција

Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513 туристи, кои оствариле 934.042 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 46,4 отсто биле домашни, додека 53,6 проценти биле странски гости.

Најмногу странски туристи пристигнале од Турција – 45.747. Следуваат Србија со 13.166 туристи, Романија со 7.457 и Германија со 7.324 гости.

Пронајдете не на следниве мрежи: