Општина Бутел извести дека продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север.
„Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата Костурска.
Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север.
Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места“, се додава во соопштението од Општината.
The post (Фото) Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север appeared first on Во Центар.



