На ден 16.10.2026 во 16:20 часот во Полициското одделение Галате, М.М.(41) од с.Врапчиште, пријавил дека истиот ден околу 12:00 часот во Основното училиште во селото, неговиот 12-годишен малолетен син, бил физички нападнат во ходникот за време на голем одмор од двајца ученици од истото училиште. Нападот бил спречен од страна на директорот на училиштето, по што малолетникот со приватно возило бил пренесен во амбулантата во село Врапчиште за укажување лекарска помош, а потоа и во Медицинскиот центар Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



