Сончево и топло време денеска, од четврток дожд

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
Според прогнозата, минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени, додека максималната ќе биде од 12 до 23 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а во текот на денот максималната ќе достигне до 21 степен.
Стабилно време до средината на следната седмица
Сончевото време ќе продолжи и во наредните денови, па до средината на следната седмица ќе преовладуваат сончеви периоди со мала локална облачност во текот на денот.
Промена на временските услови се очекува во среда, кога облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со повремени краткотрајни сончеви периоди.
Позначителна промена се најавува за четврток и петок, кога ќе преовладува претежно облачно време, проследено со врнежи од дожд.
The post Сончево и топло време денеска, од четврток дожд appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: