Крвав инцидент во Белград: Две лица пронајдени избодени во Вождовац

Две лица се повредени рано утрово со нож на улицата Драгиче Кончар во Вождовац.

Инцидентот се случил малку по четири часот, а екипата за итни случаи пронашла две лица со убодни рани нанесени од нож, изјави за РТС докторката Верица Вукиќевиќ од Институтот за итна медицина.

На повредените лица им е укажана помош на лице место, по што се пренесени во Ургентниот центар.

Во текот на ноќта се случиле четири сообраќајни несреќи во кои се повредени осум лица.

Најсериозната несреќа се случила на улицата „Кнежа Вишеслава“, каде што еден маж (57) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во црвената зона на ургентниот центар. Во истата несреќа полесно се повредени уште три лица.
The post Крвав инцидент во Белград: Две лица пронајдени избодени во Вождовац appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: