Дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ во овој момент се наоѓа во исклучително комплексна ситуација и дека на партијата ѝ се итно потребни сериозни, видливи и суштински кадровски и политички промени, е факт кој е повеќе од очигледен за целата јавност, дури и за оние кои не се длабоки познавачи или експерти во политичките процеси. Актуелниот претседател Венко Филипче, при речиси секој свој јавен и медиумски настап, континуирано покажува загрижувачко ниво на елементарно непознавање на политичкиот речник, како и забележлива липање во политичката дикција и настап, што посебно доаѓа до израз при неговите ТВ-гостувања и директни соочувања со соговорници и новинари.
Во контекст на овие случувања, ако до неодамна како главен и најгласен иницијатор за барање оставки од Филипче и актуелното партиско раководство функционираше граѓанско партиската платформа „Разговори за иднината 12:05“, ситуацијата на теренот дополнително се комплицира. Според неофицијални извори и информации од партиските кулоари, во организираниот притисок за оставка на првиот човек на СДСМ сега директно се вклучува и поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Александар Велковски. Тој, заедно со кругот на свои блиски сопартијци, партиски другари и лојални на социјал демократијата, веќе е активен на терен низ општинските организации во директен контакт со незадоволните членови, со јасна цел да го канализира и акумулира сè поголемиот револт на партиската база насочен кон актуелното раководство на Бихаќка.
Велковски влегува во овој процес со сериозни амбиции и јасна наратива за преземање на кормилото на СДСМ од рацете на Зоран Заев и Венко Филипче. Во партиските редови сè погласно се артикулираат критиките дека партијата се води од позадина од страна на поранешниот лидер, додека актуелниот претседател функционира исклучиво како кадар за расчистување и „стечаен управник“ на некогаш моќниот политички субјект. Ваквиот начин на функционирање предизвикува вистинска ерупција на незадоволство меѓу традиционалното членство, што е повеќе од видно и преку интензивните дебати на социјалните мрежи, поддржани од бројни јавни анализи на истакнати новинари и поранешни високи партиски функционери. Во таква атмосфера, Александар Велковски неофицијално го засилува своето дејствување на терен, обидувајќи се околу себе да ги обедини сите оние кои бараат враќање на партијата во рацете на нејзиното автентично членство и нејзино враќање како сериозен политички субјект, а не како приватна сопственост под контрола на одредени бизнис-интереси и таканаречената „Дубаи тајфа“.
Извор: Народен Глас



