Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека очекува наскоро да се одржи средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изразувајќи верување дека може да се постигне голем напредок.
„Постигнуваме огромен напредок со Русија и Украина . Наскоро ќе има состанок“, изјави Трамп пред новинарите во воздухопловната база Ендрус, во близина на Вашингтон, по враќањето од Тексас, објави Ројтерс.
На прашањето со кого е планирана средбата, Трамп одговори: „Со претседателот Путин и претседателот Зеленски “.
„Средбата ќе биде организирана многу наскоро и мислам дека би можеле да постигнеме голем напредок“, изјави Трамп пред новинарите.
Тој не го прецизираше датумот или местото на средбата, а ниту Киев ниту Москва јавно не потврдија дека двајцата лидери се согласиле да се сретнат.
Изјавата уследи по најавените трилатерални преговори на претставници на Украина ,САД и Русија , планирани за ноември, како и шест дена пред американските среднорочни избори на 3 ноември, на кои ќе се одлучи кој ќе го контролира Конгресот.
The post Трамп потврди: Путин и Зеленски ќе се сретнат appeared first on Во Центар.



