Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро ќе се одржи средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега, Володимир Зеленски. Притоа тој изрази надеж дека ќе биде постигнат голем напредок.
„Бележиме голем напредок со Русија и со Украина. Наскоро ќе биде одржан состанок“, изјави Трамп пред новинарите во воздухопловната база Ендруз во близина на Вашингтон.
Запрашан со кого е планиран состанокот, Трамп одговори:
„Со претседателот Путин и со претседателот Зеленски. Состанокот ќе биде организиран многу скоро и мислам дека можеме да постигнеме голем напредок“.
Тој не прецизираше место и време за одржување на состанокот, а јасна потврда за средба на двајцата лидери засега нема ниту од Киев, ниту од Москва.
Изјавата на Трамп доаѓа во пресрет на најавениот трилатерални преговори на техничко ниво меѓу претставници на САД, Русија и Украина во Абу Даби, планирани во ноември и на шест дена пред меѓуизборите во Америка на 3 ноември на кои ќе се одлучува која ќе има контрола врз Конгресот.



