Облачно и дождливо време, попладне и во текот на ноќта се очекуваат пообилни врнежи

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет нè очекува денеска низ земјава. Повеќе врнежи се очекуваат во попладневните часови и во текот на ноќта.
Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремен дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб северен ветер, а температурата ќе се движи од 9 до 14 степени.
The post Облачно и дождливо време, попладне и во текот на ноќта се очекуваат пообилни врнежи appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: