Од 1 ноември 2026 година завршува сезоната за спортски риболов на сите води во рамките на Националниот парк „Маврово“, информираат од установата.
Забраната за риболов ќе трае до 31 јануари 2027 година, а новата сезона ќе започне на 1 февруари и ќе трае до 31 октомври 2027 година.
Од Националниот парк ги повикуваат спортските риболовци и посетителите да ја почитуваат забраната и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на рибниот фонд, заштита на водните екосистеми и одржување на природната рамнотежа.
Воедно, од установата им се заблагодарија на риболовците за досегашната соработка, почитувањето на законските одредби и поседувањето уредна документација, вклучително и риболовни дозволи, легитимации и соодветна опрема.
Посебна благодарност упатија за соработката за време на Светското крапско првенство, кога риболовците покажале високо ниво на разбирање кон организаторите, партнерите и вработените во секторот за заштита на паркот.
Од Националниот парк „Маврово“ им се заблагодарија на сите риболовци и посетители за разбирањето и соработката, повикувајќи ги и понатаму да придонесуваат во зачувувањето на природните богатства на паркот.
The post Од утре забрана за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“, новата сезона почнува во февруари appeared first on Во Центар.



