петок, 13 ноември 2026
Најново

Герасимовски: Вие го изобличивте Центар со ДУП-овите што ги носевте, а денес зборувате за урбанизмот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На денешната седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски одговори на обвинувањата за урбанистичкото планирање, посочувајќи дека последиците од деталните урбанистички планови донесени во минатото и денес го ограничуваат постапувањето на Општината.
„Го унаказивте Центар со детални планови, панорамики, со згради на Водно по 8 спрата, без паркинг-места. Го унаказивте во изминатите години додека бевте на власт во Општина Центар. Носевте по 30 ДУП-ови, ги зголемувавте габаритите и градевте. И сега вие зборувате за градење во Општината, кој давал дозволи?
Законската регулатива е јасна. Кога има важечки детален план, ние како Општина можеме да кочиме извесен период, но работата е завршена и закопани се работите кога се носеле ДУП-овите, кога се дадени одредени права што тешко се менуваат. Многу тешко се менуваат!
Донесовме правилници за да ја регулираме злоупотребата на подземните нивоа кои граѓаните ги бројат како катови плус. А тука се кршеше Општината. Тој што ви ги дава соопштенијата да ги читате, тој ја кршеше Општината за да се гласаат ДУП-овите“, рече Герасимовски.

Поврзани вести