Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, соопштија од ЗНАМ.
Новите членови ги пречекале генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, и претседателот на општинската организација во Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.
„Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата“, велат од ЗНАМ.
Од партијата велат дека продолжуваат да ги отвораат вратите за нови членови кои сакаат да придонесат за, како што наведуваат, поинаква, одговорна и достоинствена политика.





