недела, 15 ноември 2026
Најново

Смртни казни за тројца напаѓачи во Јордан: Девет лица беа убиени во православна црква

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Суд во Јордан осуди тројца мажи на смртна казна поради терористичкиот напад врз грчка православна црква во јужниот дел на земјата.

Во нападот, извршен на 23 октомври за време на погреб во областа Карак, беа убиени девет лица, а 25 беа повредени.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според јорданските власти, напаѓачите побегнале од местото на злосторството, но биле уапсени три дена подоцна.

Судот ги прогласил за виновни за терористички дела со смртни последици и други кривични дела поврзани со оружје и тероризам.

Нападот предизвика силни реакции во Јордан, каде што христијанската заедница сочинува мал дел од населението.

Поврзани вести