понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Видете какво ќе биде времето денес

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Поврзани вести