петок, 20 ноември 2026
Најново

Циметот не е само за колачиња: Ставете го на овие места низ куќата и ослободете се од неколку проблеми

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Циметот може да помогне во домот бидејќи ги одбива инсектите, ги штити собните растенија, го освежува просторот и се користи за чистење и третирање на мувла.

Циметот е еден од најпознатите зачини, но неговата употреба не е ограничена само на додатоци во исхраната.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Циметот е добар и за здравјето бидејќи го зголемува нивото на енергија, помага во борбата против бактериски и габични инфекции, го намалува крвниот притисок…

Покрај сето тоа, овој зачин може да биде одличен сојузник во вашиот дом. Ако ви се допаѓа мирисот на цимет, обидете се да го користите и во овие ситуации.

Додаток за собни растенија

Собните растенија можат да привлечат комарци и други инсекти. За да се ослободите од нив, ставете цимет во саксија.

 

Циметот има антибактериски својства кои помагаат во заштитата на собните растенија, а исто така ги убива и габите со кои се хранат ларвите на комарците.

Домашен мирис

Мирисот на цимет е многу специфичен. Ако ви се допаѓа, можете да го користите наместо освежувач за простор.

Во тенџерето треба да ставите неколку стапчиња цимет, кора од портокал, неколку каранфилчиња и вода. Гответе на тивок оган за да го направите вашиот дом миризлив.

Одбивајте инсекти

На многу инсекти не им се допаѓа мирисот на цимет, па затоа е идеален начин да се ослободите од нив на природен начин.

 

Доволно е да ставите цимет во близина на прозорец или врата за да спречите инсекти да влезат во куќата.

За чистење

Бидејќи има антибактериски и антифунгални својства, можете да го користите циметот и како средство за чистење. Измешајте го циметот со сода бикарбона и вода за да направите паста за чистење. Можете да го користите за триење работни површини, мијалници и слични површини.

Третирајте ја мувлата

Земете неколку капки есенцијално масло од цимет и измешајте го со вода. Прскајте ги местата каде што има мувла. Секако, ова важи само ако засегнатите места се мали.

Поврзани вести