петок, 20 ноември 2026
Најново

Трамп го смени шефот за сајбер-безбедност по серијата технички прекини во Америка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Директорот за национална сајбер-безбедност на Белата куќа, Шон Кернкрос, бил отпуштен од функцијата по серијата технички проблеми што ги нарушија воздушниот сообраќај, банкарските услуги и системите за национална безбедност во САД, објави „Ројтерс“.

Одлуката доаѓа во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сè поголеми критики за справувањето со овие проблеми.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Отпуштањето на Кернкрос е првата поголема кадровска промена во администрацијата по техничките прекини. Неговата функција привремено ќе ја преземе Кирстен Дејвис, директорка за информатички технологии во Министерството за одбрана.

„Претседателот целосно го поддржа отпуштањето на Шон Кернкрос од функцијата“, изјавил извор близок до Белата куќа.

Во изминатата недела, техничките проблеми предизвикаа сериозни нарушувања во САД. Глобалниот прекин на услугите на „Мајкрософт“ погоди стотици милиони корисници, а привремената забрана за полетување авиони низ целата земја наруши повеќе од 18.000 летови.

Експертите за сајбер-безбедност сметаат дека дел од овие прекини можеби се поврзани со обидите на технолошките компании брзо да ги отстранат новооткриените слабости во софтверите. Напредните алатки за вештачка интелигенција им овозможуваат на компаниите полесно да ги откриваат пропустите во своите системи за заштита.

Републиканскиот сенатор Џош Холи побара администрацијата на Трамп да ги информира членовите на Конгресот за причините за прекините, за тие да можат да им објаснат на Американците што се случува.

Пред да стане директор за национална сајбер-безбедност, Кернкрос работел во Републиканскиот национален комитет. Неговиот наследник ќе треба да добие потврда од американскиот Сенат, во кој од јануари мнозинството ќе го имаат демократите.

Поврзани вести