петок, 20 ноември 2026
Најново

Дурмиши: Ако биде доставен предлог, Владата ќе разговара за ограничување на маржите на основните прехранбени производи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На владина седница ќе се разговара за евентуално воведување мерки во однос на цените на основните прехранбени производи доколку секторот што е надлежен за овој сегмент, достави таков предлог. Една од мерките би била ограничување на маржите, рече денеска министерот за економија, Бесар Дурмиши.

На брифинг со новинарите, Дурмиши истакна дека ситуацијата со цените секојдневно се следи и постојано се вршат инспекциски контроли на терен.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Ако според вработените во секторот од овој сегмент има предлог и ако цениме дека на крај треба да одиме со дополнителни политики или дополнителни мерки за да им излеземе во пресрет на граѓаните, да ги намалиме цените, односно да ги ограничиме маржите на прехранбените производи, тоа како тема ќе се отвори на владина седница. Ќе се дискутира и со кој процент да одиме, кој е подобар. Кога тоа ќе биде предлог доставен во Влада, кога ќе се дискутира и кога ќе се одлучи, јавноста ќе биде известена со одлуките што ќе ги преземеме, напомена министерот. .

Со досегашните владини мерки, потенцира, земјава се соочила многу добро со кризата.

-Знаеме дека има зголемување на цените, но граѓаните не ја почувствуваа многу кризата колку што ја почувствуваа граѓаните во европските земји. И ова не е внатрешна криза, туку глобална. Имаме две светски војни кои влијаат врз цените во сите земји, не само во нашата. Македонија, според Меѓународниот монетарен фонд, е меѓу првите три држави во Европа што ги преземаа најдобрите мерки во однос на справувањето со кризата, споредено со бруто-домашен производ по граѓанин. Иимаме најевтина цена на горивото и најниска инфлација. Дали се фалиме? Не, ќе работиме и понатаму. Дали имаме зголемување на цените овој месец? Да, имаме, особено кај овошјето и зеленчукот зашто се сезонски производи и нормално дека во овој период секоја година има зголемување. И понатаму ќе преземаме мерки што ќе бидат соодветни, за да им излеземе во пресрет на граѓаните и да го заштитиме животниот стандард, објасни Дурмиши.

Поврзани вести