петок, 20 ноември 2026
Најново

Приведени две малолетнички во Центар, нападнале девојче и снимале со мобилен телефон

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полицијата приведе две малолетнички во Центар. Тие нападнале друго девојче и снимале со мобилен телефон.

Според информациите на МВР, вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:10 часот пресретнале друга малолетничка, при што едната од нив физички ја нападнала, а другата ѝ одзела лични работи и пари и ја снимала со мобилен телефон.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани вести