На покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.
Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.






