среда, 25 ноември 2026
Најново

Костовски: Денот кога е прогласен стечај на Еуростандард банка син ми имаше средба со Оливер Спасовски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Трифун Костовски беше поканет на денешната надзорна седница во Собранието како мнозински акционер во Еуростандард банка,  поранешна македонска универзална банка која е во стечај откако Народната банка и ја укина дозволата за работа во август 2020 година.

Костовски во својот исказ како сведок рече дека дента кога е прогласен стечај на Еуростандард Банка син му имал средба со Оливер Спасовски, и дополни дека ја поддржува владата во обидот заедно со Народна банка да ја спаси Алта банка.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„ Имам информација, тоа синот мој ми ја покажа дека дента 12 август кога е однесена банката во стечај, мојот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски каде било разговарано да евентуално се запре било каков процес бидејќи ние како акционери имаме голема желба банката да не оди во стечај“ кажа Костовски.

Костовски додаде и дека поддржува Владата во обидот заедно со Народна банка да ја спаси Алта банка.

„Затоа ја поддржувам Владата што застанала заедно Народна банка да ја спаси Алта Банка и ќе најде начин како да ја спаси и да ги заштити правните и физички лица.

Поврзани вести