Во Македонија во третото тримесечје од 2026 година имало 89.593 невработени лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на невработени е намален за 2,4 отсто во однос на истиот период лани и за 0,5 отсто во споредба со претходното тримесечје. Стапката на невработеност изнесува 11,2 отсто.
Од вкупно 797.775 лица во активното население, 708.182 биле вработени. Бројот на вработени е зголемен за 0,4 отсто на годишно ниво, а стапката на вработеност изнесува 46,5 отсто. Мажите сочинуваат 57,6 отсто од вработените, а жените 42,4 отсто.
Статистика евидентирала 103.177 неформално вработени, за 2,1 отсто повеќе од претходното тримесечје. Најголем дел од нив, 58.213 лица, работеле во земјоделството, шумарството и рибарството. Во градежништвото работеле уште 16 отсто од неформално вработените. Според Заводот, сезонската работа во овие дејности има значително влијание врз кварталните промени во неформалната вработеност.





