недела, 29 ноември 2026
Најново

Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на „Голема Албанија“, МВР најави поднесоци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 28 ноември 2026 година, полициски службеници евидентирале три случаи во Скопје во кои биле забележани истакнати знамиња на Голема Албанија со натпис „Autochtonous“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај бил регистриран во 15:10 часот на улицата „Ѓорче Петров“, каде полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Џ.Т. од Скопје. На возилото биле истакнати две знамиња со споменатиот натпис.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Половина час подоцна, во 15:30 часот, на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, полициските службеници забележале 21-годишен Ј.А. од селото Драчевица, скопско, кој во раката носел знаме со истите обележја.

Третиот случај бил регистриран во 21:45 часот, на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Кузман Шапкарев“. Таму било сопрено возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Р.И. од селото Сарај, скопско, на кое исто така било истакнато знаме со натпис „Autochtonous“.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани вести