Тренерот на екипата на Реал Мадрид и десниот бек на Манчестер Сити се пошегуваа на сметка на новиот тренер на Челзи, тие му порачаа да го земе Марко Матераци за асистент.
Добро е познато дека Рафа Бенитез и Марко Матераци во Интер не се согласуваа воопшто, постојано имаше огромни несогласувања меѓу нив.
Во средата, Бенитез беше поставен за тренер на Челзи, а Мурињо и Маикон ја искористија приликата да се пошегуваат на сметка на шпанецот.
Мурињо на коментарот на Маикон дека го презел Челзи му одговори на десниот бек на Сити „би било добро доколку го земе Матераци за асистент“.
Пронајдете не на следниве мрежи: