Меѓународната фудбалска федерација соопшти дека на Дидиер Дрогба нема да му биде овозможено да има позајмица во преодниот рок иако напаѓачот на Шангај упати молба за тоа.
Дидиер Дрогба се врати на „Стемфорд Бриџ“ по завршетокот на кинескиот шампионат но само за да ја одржи формата тренирајќи со својата поранешна екипа.
Во меѓувреме, во договор со челниците на шампионот на Европа дојде до идеја тој како позајмен играч да игра за својот поранешен клуб а неговиот менаџер потврди дека напаѓачот испратил барање за позајмица вон преодниот трансфер-период.
Сепак, ФИФА одлуччи да не прави преседан околу случајот со Дидиер Дрогба.
„Потврдуваме дека Дидиер Дрогба испрати барање да му биде овозможено да направи трансфер вон преодниот рок на база на позајмица. Фифа го извести околу правилата кои важат за сите играчи кои подразбираат дека такви активности можат да се извршат исклучиво во текот на регулираниот преоден трансфер-период“ се вели во соопштението на ФИФА.
Пронајдете не на следниве мрежи: