Претседателот на СДСМ го оспори прогласувањето на Мајка Тереза за светица, бидејќи папата Франциско не побарал мислење од СДСМ за чудата на Мајка Тереза. Според Заев, своеволната одлука на папата Франциско остава голем простор за сомнеж поради кој тој и СДСМ не ја признаваат неговата одлука и бараат од Светата столица да го повтори гласањето.„Предлагаме да се формира ад хок тело во кое ќе има, ете, нека се два члена на Ватикан, значи кардинали или како сакаат, два члена да се од СДСМ и петтиот член да е, се разбира, независниот Мухамед Зекири, бидејќи и он е Албанец и Мајка Тереза го зборувала од мала албанскиот јазик, бидејќи била Албанка и сигурен сум дека ќе навиваше за Шкендија доколку не беше Мајка Тереза и се родеше 80 години подоцна, нели“, изјави Заев.
Лидерот на СДСМ потсети на неговите блиски односи со Господ и најави дека доколку папата не се сложи со неговото барање, ќе побара Франциско да биде црпнат од Ватикан и да биде донесен на нива во Муртино, а на неговото место папа да постави СДСМ, како партија искусна во тоа.„Предлагаме да се формира ад хок тело во кое ќе има, ете, нека се два члена на Ватикан, значи кардинали или како сакаат, два члена да се од С