Информодијагностика – докажан метод за решавање на многу здравствени проблеми

Д-р Бобан Пешиќ, специјалист по информодијагностика и информотерапија, појаснува дека со оваа метода голем број хронични состојби се диагностицираат и лекуваат успешно и без хемија.Д-р Пешиќ, раскажете ни повеќе за информодијагностиката и информотерапијата. Со што се одликуваат тие од класичната медицина?
– Всушност и двете се надополнуваат. Класичната медицина става приоритети на последиците, а информациона медицина како комплементарна, помага за попрецизно да се одреди причината за болеста. Накратко, овој вид на дијагностика и терапија ја испитува самата работа и процесите на самите клетки во организмот на човекот. Било која причина: бактерии, вируси, лекарства, хемиски додатоци на храна, пестициди, па дури и храна која не е во склад со антигенот на крвната група може да ја наруши генететски предефинираната фреквенција на клетката, со што доаѓа до пореметување на информациите во комуникацијата на клетките. Решение на проблемот може да биде информодијагностиката и информотерпијата со чија помош рано се дијагностицираат и потоа во текот на терапијата клетките „се учат“, односно се потсетуваат да го прават она што го заборавиле. Како резултат клетките функционираат правилно, а организмот е излечен.
На каков начин информотерапијата помага на луѓето кои имаат здравствен проблем?
– Сигурно многупати досега сте се запрашале на што сте алергични, зошто чувствувате болка на некои места од телото, кои се причините за некоја хронична болест која ве мачи. Имено, она што треба да го знаете за оваа техника е дека, пред се, акцентот се става на точната дијагностика, превенција на развојот на разни болести еднакво колку и на нивен третман. Дијапазонот кој го опфаќа како гранка вклучува здравствени состојби како превенција и третман на алергии, канцер, проблеми со бременост, ADHD синдром кај децата (аутизам), хронични инфекции и уште многу други состојби кои од страна на класичната медецина не се прецизно дијагностицирани.
Тоа што кажувате е дека информодијагностиката помага успешно и точно да го пронајдете својот здравствен проблем, а потоа да го излечите?
– Да, токму така. Пред сѐ, тоа на што работиме е откривање на јасна причина за одреден здравствен проблем. Не ги третираме само последиците или симптомите од некоја болест. Откако ќе ја знаеме точната причина за здравствениот проблем, многу полесно и брзо успеваме да стигнеме до успешно излекување бидејќи промените на информативниот проток во клетките се јавуваат многу порано од самите болести и можно е да се измерат преку информодијагностички преглед. Тоа ни овозможува преку информотерапијата да делуваме превентивно и да ја вратиме рамнотежата на организмот пред развојот на болеста, а покрај тоа што делува на организмот во целина, овозможува и дејствување на одредени дисфункционални органи и системи на организмот односно ги обновува врските помеѓу нив.
Дали има некои несакани ефекти од информодијагностиката и информотерапијата? Дали таа користи хемиски лекови?
– Не, во информодијагностиката и информотерапијата не се користи хемија. Ова е апсолутно неинвазивна метода, која користи атестирани современи електронски апарати за дијагностика и атестирана информотерапија. Исклучена е можноста од несакани ефекти, било какви зарази или алергиски реакции. Предноста на информотерапијата во однос на фармакотерапијата и физиотерапијата е користење на ниски количини на материја и енергија, така што веројатноста за штетно влијание на организмот скоро и да не постои.

Дали Македонците се свесни за оваа метода за дијагностиака и терапија? Какви луѓе најчесто Ве посетуваат?
– Кај нас во Македонија, оваа метода е нова и сѐ уште релативно непозната, меѓутоа сѐ повеќе се подигнува свеста за овој начин на дијагностика и терапија, а поволните ефекти од нив се повеќе ги зголемуваат посетите во ординацијата. Најчесто проблемите на пациентите кои нѐ посетуваат се поврзани со гранични здравствени состојби како што се забременување, ADHD синдром кај децата (аутизам), имун проблем со алергии и хронични инфекции и солиден број на заболени од канцер. Сѐ повеќе луѓе во Македонија разбираат дека информодијагностика и информотерапија како алтернативни методи не ги исклучуваат дијагностичките и терапевтските методи од класична медицина, дури се комплементарни и се надоврзуваат на стручни служби и класични медицински протоколи.
Каков е Вашиот професионален совет, како да постигнеме подобро здравје и квалитет на животот?
– Мојот совет е колку што може повеќе да се трудиме да избегнуваме стрес и негативни влијанија и да се храниме со квалитетна и здрава храна. А воедно со тоа доколку имате здравствен проблем, секогаш да ја барате и третирате причината, а не само последицата од болеста. Превенцијата исто така е многу битна и треба да запомниме дека подобро е да се спречи, отколку да се лечи.
Д-р Бобан Пешиќ е Специјалист по Информациона Медицина, сопственик на Центарот за Информациона Медицина во град Скопје. Повеќе информации и врска со д-р Пешиќ можете да најдете на нивниот сајт: https://informacionamedicina.com/za-nas.php.Д-р Пешиќ, раскажете ни повеќе за информодијагностиката и информотерапијата. Со што се одликуваат тие од класичната медицина?

Пронајдете не на следниве мрежи: