Интервју со Д-р Марија Хаџи – Лега, директор на Клиника за Гинекологија и Акушерство, Скопје.Две реномирани македонски компании Кожувчанка и Жито Маркети неодамна објавија заедничка кампања за донирање на Клиниката за Гинекологија и Акушерство, Скопје, може ли малку повеќе да ни кажете околу кампањата?
Д-р Марија Хаџи – Лега: Кампањата што започна неодамна и веќе се одвива под мотото „Со мал дел до голема цел“ има за цел да ги подобри условите на Клиниката за Гинекологија и Акушерство. Станува збор за една многу ефективна и кампања што очекуваме да даде вистински резултати. Преку активностите на кампањата треба да се соберат средства за нашата клиника, односно да се набават апарати за автоматска дезинфекција на раце, со што многу ќе и се помогне на институцијата. Ќе се одвива во сите градови низ Македонија каде што има Жито Маркет, а суштината е со купување на водата Кожувчанка исклучиво во Жито Маркетите и двете компании ќе издвојуваат дел од продажбата. Овие средства се упатуваат на сметката за кампањата и ќе бидат искористени за набавка на потребната опрема.
Како дојде до идејата за донаторска кампања?
Д-р Марија Хаџи – Лега: За добро дело и хумана цел нема потреба од вистински мотив, потребна е само желба да се помогне, преостанатото е моделирање. Имено, двете компании се споија под оваа иницијатива и дојдоа кај нас со предлогот што навистина нè израдува. Нè известија за прекрасната кампања и симболиката на целиот процес на одвивање и ја изразија својата желба да ѝ помогнат на клиниката со подобрување на условите како за пациентите така и за вработените. Апаратите за автоматска дезинфекција на раце, иако влегуваат во нашата неопходност, сепак тоа е опрема којашто токму заради функцијата за која е наменета, одржување на беспрекорна хигиена, повремено се менува. Нам тоа ни беше приоритетно од долгата листа на потреби.
Велите дека граѓаните можат да ја подржат акцијата, на кој начин можат да бидат вклучени во кампањата. Колку истата ќе трае и каде се ќе се одвива?
Д-р Марија Хаџи – Лега: Кампањата „Со мал дел до голема цел“, е токму она што го комуницира самиот слоган. Тоа значи дека граѓаните можат да ја поддржат и да го дадат својот придонес кон целите на кампањата со само мал дел, односно само со купување на вода Кожувчанка исклучиво од Жито Маркет. За секоја купена вода во еден од супермаркетите Жито, двете компании издвојуваат средства, дел од продажбата и на тој начин во име на граѓаните донираат во фондот наменет за нашата клиника. Учеството на граѓаните e огромно, со нивната добра волја ние добиваме многу, помошта за нас е голема и повеќе од значајна. Кога велам, нас секако мислам и на пациентите и на персоналот, затоа што хигиената во една здравствена институција е подеднакво важна за сите. Кампањата е предвидено да трае два месеци, односно до 15 август 2015 година, период во кој сите граѓани можат да ја изразат својата хумана страна, а ќе се одвива во сите Жито Маркети, односно во секој град низ државата каде постои барен еден Жито Маркет.
Од какво значење, е донаторската кампања за Вашата установа?
Д-р Марија Хаџи – Лега: Секоја донација е значајна и добредојдена, ние сме голема установа која што секојдневно работи со потрошни материјали, оние средства и материјали кои ги добиваме од ресорното министерство ги користиме до максимум, нашите потреби се многу поголеми. Нашата опрема и нашата апаратура секогаш има потреба од постепено обновување. Оваа донација со купување на апарати за дезинфекција на раце дополнително ќе придонесе хигиената на клиниката да биде на завидно ниво.
Какви се вашите очекувања од кампањата?
Д-р Марија Хаџи – Лега: Веруваме дека ќе допреме до граѓаните и ќе ја разбудиме нивната хуманоста така што со нивна помош и нивно директно учество во кампањата, да ја помогнат нашата Клиника. Само со нивно купување на водата Кожувчанка во било кој Жито Маркет, ќе собереме доволно средства за да се употребат за целта за која се наменети, купување на апарати за дезинфекција на раце. Тоа ќе биде нивната и наша контрибуција во најголемата гинеколошка клиника. Конечно, ова нека се сфати како наш мал влог кон иднината на пациентите и среќното доаѓање на свет на новородени животи во оваа установа. Се надевам дека совеста ќе преовладее и дека ќе имаме масовна и безрезервна поддршка на оваа убава иницијатива.
За крај што би била вашата порака до граѓаните и останатите компании?
Д-р Марија Хаџи – Лега: Она што би сакала да го потенцирам е тоа дека со кампањата до граѓаните се испраќа една многу искрена порака дека нивната поддршката за нас значи многу а потребна е само нивната желба и волја да се помогне. Затоа ги повикувам граѓаните да се приклучат и да ја искажат својата хуманост со поддршка на кампањата. Воедно би сакала да апелирам, оваа хуманитарна акција на Жито Маркети и Кожувчанка нивната самоиницијативност да биде поттик за преостанатите и за останатите компании да придонесуваат за општеството преку вакви и слични активности и иницијативи.Две реномирани македонски компании Кожувчанка и Жито Маркети неодамна објавија заедничка кампања за донирање на Клиниката за Гинекологија и