Интервју со Дарко Димитров-директор на Агенција за европски образовни програми и мобилност

Интервју со г-дин Дарко Димитров, директор на Агенција за европски образовни програми и мобилност1. Најпрво да ја објасниме работата на Националната агенција во Македонија, која е нејзината улога и на кој начин помага во општеството?
Дарко Димитров:Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е Јавна Институција која е формирана со Закон донесен од страна на Собранието на Република Македонија.
Целта на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е да работи на промоција управување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Македонија. Воедно наша цел е да станеме  единствена точка преку која граѓаните на Република Македонија ќе можат да добијат соодветни информации и водство за можностите и начинот на искористување на истите, кои ги нудат европските програми од областа на образованието, обуката, младите и спортот
Националната агенција преку имплементација на овие програми придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката.
Корисници на програмите можат да бидат: ученици, студенти, наставници, професори обучувачи и друг персонал кој е вклучен во било кој дел од образовниот процес, претпријатија и други правни лица вклучувајќи ги и трговските друштва, стопанските комори и други здруженија на правни лица од областа на индустријата, истражувачки центри и тела како и здруженија на граѓани и фондации.
Националната агенција во моментов ја управува програмата Еразмус плус но паралелно  управува и со европските иницијативи и мрежи како што се Е-Твининг, Евридика, Еуропас, Еурогајденс и сл.
 
2. Покрај Еразмус плус и европските иницијативи Еуропас и Евридика од 2014 до 2020 година Националната агенција ќе се вклучи во имплементација на уште четири европски иницијативи, кои се тие и како ќе се вклучат?
Дарко Димитров:Како што веќе споменав и во линија на обединување на сите релевантни информации и можности на едно место, а со цел олеснување до нивниот пристап, Националната агенција во периодот 2014-2020 година освен управување и имплементација на водечката програма на ЕУ која е наменета за образование, обука, млади и спорт, програмата Еразмус Плус истовремено е и Национален Еуропас центар за Р.Македонија, Национална канцеларија за Евридика, Национален центар за поддршка на Е-Твининг, Национален Еурогајденс центар, како и одговорна институција за имплементација на европските иницијативи  ЕКВЕТ и Еуродеск во Република Македонија.
Се работи за ЕУ иницијативи кои се во сегментот на образование, обука и млади и се надградуваат на програмата Еразмус плус, па така на пример Еуропас преставува алатка за препознавање на стекнатите компетенции и вештини, Е-Твининг преставува европска акција што ја промовира колаборацијата и вмрежувањето преку употреба на ИКТ помеѓу училиштата во Европа, преку Евридика ја даваме дескрипцијата на македонскиот образовен систем и учествуваме во изработка на тематски извештаи и прибирање на серии на клучни податоци за образовниот систем на европско ниво итн,
 
3. Ќе реализирате 6 инфо денови во различни градови во Македонија, каде и кој се ќе биде поканет на истите?
Дарко Димитров:Оваа кампања е пред се во насока на зголемување на видливоста на програмата Еразмус плус со оглед на тоа дека се наближуваат роковите за аплицирање во програмата кои се објавени на нашата Веб страна како и во дневните весници.
Целта е да се анимираат што повеќе институции од цела Македонија да се вклучат во програмата со поднесување на квалитетни апликации за кои би добиле финансиска поддршка преку програмата Еразмус плус.
Овие настани е предвидено да се одржат во Скопје, Прилеп, Охрид, Гостивар, Крушево и други градови низ републиката, а на истите поканети ќе бидат и потенцијалните корисници од општините кои гравитираат во овие региони. Истите се од отворен карактер и сите заинтересирани ги поканувам да присуствуваат. Точните термини и локации ќе бидат објавувани пред настаните на нашиот Веб – портал како и официјалната Facebook страна на Националната агенција.
 
4. Дополнително, а со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Република Македонија. Зошто се потребни?
Дарко Димитров:Во рамките на оваа кампања предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори, каде што ќе ги презентираме можностите од програмата кои се однесуваат и на бизнис заедницата, односно на компаниите  и нивните вработени.
Овие можности најчесто се во правец на надоградба на квалификациите, можностите за стажирања, како и можностите за учество во проекти кои во себе предвидуваат продуцирање на интелектуални аутпути.
 
5. Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на ЕКВЕТ конференции во насока на подигање на свесноста во овој образовен сегмент.
Дарко Димитров:  Во однос на ЕКВЕТ најпрвин да објаснам дека се работи за систем кој има за цел да овозможи трансфер, признавање односно препознавање и акумулација на образовните излези со цел стекнување на професионални квалификации.
Ова  овозможува на лицата кои се стекнуваат со професионални квалификации истите да им се признаат во било која европска земја или образовен систем. 
Во таа насока Националната агенција ги организира овие две  ЕКВЕТ конференции и истите се  во насока на подигање на свесноста во овој образовен сегмент и можностите кои ги нуди.
 
6. Какви се повици за 2015 година, за аплицирање во Националната агенција?
Дарко Димитров:На почетокот на оваа година објавен беше европскиот повик за аплицирање за програмата Еразмус плус, а истиот се ре-публикува и од стана на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на нашата веб страна како и во дневните весници. Особено важно е да потенцирам дека се работи за годишен повик кој важи за цела 2015 година, а во себе ги содржи поодените рокови за аплицирање во зависност од типот на институција апликант, како и видот на активности кои ќе бидат опфатени со проектната апликација. Во Националната агенција ќе се аплицира за Клучна акција 1 – Мобилност за учење на индивидуи во сите области на образованието и сегментот млади, Клучна акција 2 – Соработка за иновација и размена на добри практики односно Стратешки партнерства во областа на образование, обука и млади, како и Поддршка за реформи на политиките односно Структурен дијалог – Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите.

7. За крај како ја заокруживте 2014 година во вашата агенција?
 
Дарко Димитров:Како најважен момент во 2014 година ќе го истакнам полноправното учество на Република Македонија во програмата Еразмус плус кое се официјализираше во месец мај со потпишување на Меморандумот за учество во програмата Еразмус плус помеѓу Европската комисија и Република Македонија. 
Во однос на ова би сакал повторно да потенцирам дека како што најавивме кон крајот на 2013 година, Националната агенција ги исполни сите предуслови на Европската комисија со што Република Македонија во 2014 година стана полноправна членка односно Програмска земја во програмата Еразмус плус и на нашите граѓани им се достапни сите можности кои се достапни и на граѓаните на земјите членки на ЕУ.
Во пресрет на роковите од повикот за 2015 година, Република Македонија има обезбедено целосен буџет на централизирано и децентрализирано ниво вклучително и новиот сегмент Интернационална димензија во високото образование во износ од 4 милиони евра, што претставува зголемување на доделените фондови од страна на Европската комисија од половина милион евра за 2015 година во однос на 2014 година. 
Во однос на искористеноста на фондовите наменети за Еразмус плус во 2014 година   од вкупно расположливите средства, до овој момент искористени се 93,4 %. Во тек се постапки на потпишување на договори за грант, како и евалуација на проекти од последниот рок за програмата. Со завршување на овие активности очекуваме да имаме искористеност на  европски средства од над 97%.1. Најпрво да ја објасниме работата на Националната агенција во Македонија, која е нејзината улога и на кој начин помага во општеството?

Пронајдете не на следниве мрежи: